Од каде дувала Бугарската смрдеа!! Каракачанов го откри изворот на денешната зараза!

popara20 мај, 20201min00
бугарија

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов со нова отровна стрела кон Македонија, овојпат нишанејќи кон шефот на дипломатијата Никола Димитров.

„Трпението на Бугарија се исцрпува и неколку пати сум им го кажал тоа и на премиерот Зоран Заев, и на министерот занадворешни работи Никола Димитров, чијшто татко е еден добар Бугарин – го познавам лично и сум му одел на гостикога Никола Димитров беше мало момченце“, изјави Каракачанов во интервју за порталот Дир.бг.

Таткото на првиот човек на македонското МНР, Димитар Димитров, роден во Цакони, воденско, Егејска Македонија,
беше министер за образование и наука 1991-1992 во експертската влада на Никола Кљусев, како и министер за
култура 1998-1999 во владата на Љупчо Георгиевски, а од 2000 до 2003 година беше амбасадор во Русија и во
Белорусија.

Димитар Димитров повторно стана актуелен пред и веднаш по потпишувањето на Преспански договор со Грција од
неговиот син, кога многумина ја цитираа неговата изјава „Раката да му се исуши – кој ќе стави потпис на најавената
спогодба!“ од колумната насловена „Уште еден акт на велепредавство“, дел од неговата книга „Името и умот“ објавена во 1999 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag