ОПАСНА МАЛА БОГАТАШКА: Актерката тврди дека таа е злобна, била со Џастин Бибер, а нејзиниот татко е милијардер – ЕВЕ КОЈА Е СНААТА НА ВИКТОРИЈА БЕКАМ!

31 октомври, 2020
nikola i

Атрактивната свршеница на Бруклин Бекам, Никола Пелц, доби прстен вреден милиони, а Викторија Бекам и Дејвид Бекам се воодушевени од нивната идна снаа. Се чини дека во нивната љубов засега цветаат рози, а тие и започнаа заеднички живот.

Викторија и Дејвид Бекам не можеа да ја сокријат среќата, бидејќи конечно успеаја јавно да им ја честитаат свршувачката на нивниот син Бруклин Бекам и Никола Пелц.

Дејвид и Викторија се пресреќни. Тие се свесни дека тој конечно најде девојка која не е со него поради слава и пари. Сè уште е рано да се каже датумот, но венчавката веројатно ќе биде на крајот на следното лето или почетокот на есента – открил извор близок до Бекам.

Среќата не ја крие ни американскиот милијардер, таткото на Никола Пелц, Нелсон Пелц, кој кога се во прашање неговите деца е доста дарежлив. Тој потроши повеќе од еден милион долари на Бар Мицва, организирано во 2016 година, за неговите синови близнаци. Затоа тој веројатно нема да жали колку ќе потроши за денот од соништата на неговата принцеза.

25-годишната Никола Пелц е најмладата од осумте деца, вклучувајќи шест сина и две ќерки на американскиот милионер Нелсон Пелц. Во досега дадените интервјуа, таа секогаш укажуваше на тоа како била мажествена како дете и сонувала да стане професионална спортистка во хокеј. Но, тие соништа наскоро беа заборавени кога се запиша на часови по глума на 12-годишна возраст.

„Мислам дека татко ми беше убеден дека ќе бидам во женската хокеарска лига, но јас се за заљубив во актерството и ја замолив мајка ми да ме запише на глума“, изјави свршеницата на Бруклин Бекам. Патем, таа веќе имаше камео улога како 13-годишна во поп-видеото Мајли Сајрус.

Никола Пелц ја забавуваше јавноста со своите љубовни избори. Во 2016 година таа беше во врска со Џастин Бибер, кој беше фасциниран со неа. Но, врската не траеше премногу долго, а следната година беше фотографирана и во прегратките на секагошното момче на Дуа Липа и братот на Џиџи и Бела Хадид, Анвар Хадид. Тие беа една година заедно, а откако беше снимен како се бакнува со Кендал Џенер, љубоморната Никола Пелц го одследи целото негово семејство од Инстаграм.

Таа го доби прекарот ‘холивудска непослушна девојка’ откако во 2015 година беше спомената во едно интервју од Бела Торн, која за Никола рече:

Таа е многу, многу злобна. Секогаш се трудам да бидам што подалеку од неа. Јас дури и не ја поздравувам. Нејзините браќа и сестри не се толку злобни како нејзе. Само таа е таква. Една од причините зошто не ја сакам е тоа што порасна богата и никогаш не мораше да работи за ништо!