Полицијата ги пронајде остатоците од нејзиниот починат сопруг на аеродромот во Минхен при претрес на дрвена кутија што ја носеше 74-годишна патничка, соопштија денеска официјалните лица.
Биле повикани цариници, лекар и обвинители и тие утврдиле дека не е сторено кривично дело, објави АП. Откако ги испрашувале жената и нејзината 52-годишна ќерка, полицијата дознала дека се враќаат од Грција во родната Ерменија преку Минхен и Киев. Жената изјавила дека нејзиниот сопруг починал во 2008 година и дека бил погребан во Солун, Грција и дека таа и нејзината ќерка одлучиле да ги однесат остатоците дома на нивното последно почивалиште во Ерменија, соопшти полицијата. По спроведената кратка истрага, им било дозволено да го продолжат патувањето со остатоци од сопругот на жената во кутија.