Ова е навика што мора да продолжиме да ја практикуваме дури и по олеснување на епидемиолошките мерки

popara4 јуни, 20201min00
Capture

Иако се намалија епидемиолошките мерки, треба да се земе во предвид хигиената. Ова, се разбира, значи почесто да ги миете рацете со сапун и топла вода. Имено, таа е најдобрата превенција од заштита од вирусна инфекција, вклучително и за коронавирусот.

Колку често треба да ги миете рацете? Според студијата на Универзитетот во Лондон, шест до десет пати на ден. „Важно е да се има предвид дека честото миење на рацете е само еден аспект на хигиената на рацете. Исто така е важно колку долго ги миеме рацете, но и кога го правиме тоа. Секако е важно да ги миеме рацете пред јадење или кога се враќаме дома бидејќи тоа обично го намалува ризикот од заболување. За хигиената секогаш треба да се води сметка и да се мијат рацете, не само кога покажуваме симптоми на болест “, објасни Сара Бале од Лондонскиот институт за здравствени информации. Истражувањата покажаа дека миењето раце од шест до десет пати на ден го намалува ризикот од инфекција за 36 проценти во споредба со луѓето кои ги мијат еднаш или до пет пати на ден.

Рацете секогаш треба да се мијат во овие случаи:

  • После користење на тоалетот или промена на пелена
  • Пред и по ракувањето со сурово месо или зеленчук
  • Пред јадење или ракување со храна
  • После дување на носот, кивање или кашлање
  • Пред и по третман на рана
  • По допирање на животни, вклучувајќи миленичиња и нивната храна, и по чистење на нивните кафези.

Покрај тоа, рацете секогаш треба да се мијат по влегувањето во домот, а некои препорачуваат да го сторат тоа откако ќе подигнат пратки и пошта и храна со достава.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag