Практични трикови за пакување што ќе ви го олеснат животот: искористете го секој сантиметар од вашиот куфер мудро!

popara4 јуни, 20201min00
kufer

Со неколку вистински совети, многу брзо ќе го спакувате куферот за одмор.

Конечно е време за одмор. Иако нема да одиме на море оваа година, патувањето низ татковината  е еднакво добра опција.

Сите сакаме да патуваме, но делот кога треба да ги спакуваме сите работи не ни е наш омилен. Куферот секогаш ни изгледа премногу мал за да собере се што ни треба Сепак, постојат некои непишани правила што ќе ви помогнат да соберете колку што е можно повеќе работи во куфер или торба за патување, без да ги брчкате, искривувате и оштетувате.

Секогаш е добро да ги завиткате пантолоните и маиците како ролна. Ставете ногавица врз ногавица и почнете да ги виткате од дното кон врвот. Слично постапете и со маиците.

Кога пакувате, наредете ги потешките предмети на дното на куферот и над нив полесните(здолништа, кошули, фустани). Козметиката оди на дното. Ставете го несесерот така што кога ќе го исправите куферот, тој да е на дното. Не само што тоа нема да уништи други предмети во куферот, но ако се случи несреќа (се истури шампон, итн.), облеката нема да се извалка.

Кога станува збор за обувки, одличен трик е внатре да се стават, на пример, спарени чорапи, за да не се деформираат обувките за време на патувањето, а воедно ќе ја искористите секоја педа простор во вашата торба.

Чевлите треба да ги наредите на дното на куферот или на страната. Постои уште едно правило, и тоа се однесува само на жените – потпетиците, во куферот, секогаш треба да бидат свртени надолу.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag