Неверојатно езеро полно со арсен за кое се верува дека ги лечи сите болести

popara4 јуни, 20202min00
61891420

Езерото Моно во Калифорнија, САД пред 10 години било во центарот на вниманието на научниците поради новите облици на живот на Земјата кои биле откриени во него. НАСА во него пронашла микроорганизми кои имаат поинаков биохемиски состав за разлика од останатите организми и поради тоа можат да опстанат во токсичната вода од езерото, која немса каде да се излие. Наместо фосфор новите организми го користат арсенот за да преживеат.

Езерото Моно, едно од најстарите и најотровните во САД, е богато со отровен арсен, а токсичноста варира според длабочината. Поради таложењето на солта езерото има скоро 3 пати повисок салинитет од океаните. Необичните камени кули во езерото изгледаат како да пловат по модрата вода со блескав сјај. Езерото Моно името го има добиено според индијанскиот збор за муви кои касаат кои овде ги има во преголем број.

Езерото со вулканско потекло има површина од 144 километри квадратни и е постаро од 700 милиони години. Првите Европјани кои го спомнуваат биле ловци на крзна во 19 век. Кога пришле до водата забележале дека е кисела и дека во неа нема знаци на живот освен многубројни црвовидни животинки како и роеви муви.

Ловците од обалата ги забележале и изворите на врела вода од вулканските карпи. Кулите кои виреат од езерото се создадени од варовник се нарекуваат туфи. Тие растат како столбови над водата со таложењето и поврзувањето на калциумот со карбонатите. Салинитетот во езерото постојано расте но се менува во текот на годината во зависност од температурата и новото на водата во езерото.

Водата на допир е лизгава, као сапун, а причина за тоа е високата концентрација на карбон, рН на обичната вода е 7, додека овде доспева до 10. Езерото привлекува многубројни посетители кои доаѓаат да го видат суреалниот екосистем и да ги фотографираат птиците.

Иако повеќето не сакаат ни да ја помирисаат водата, некои авантуристи сметаат дека езерото Моно, поради својот уникатен минерален состав, може да ги излечи сите болести. Но имајте на ум дека количината на сол во водата може да ви ги изгоре очите, а било какви ранички на телото ќе почнат да ве печат во допир со водата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag