Британскиот бенд „ Marconi Union “ ја сними песната „ Weightless “ во 2012 година, а експертите велат дека оваа песна загарантирано го намалува стресот и вознемиреноста.
Патем, британските музичари го снимија овој инструментал во соработка со звучни терапевти, а секој примерок беше земен во предвид.
Песната „ Weightless “ се состои од комбинација на смирувачки звуци од природата и нежни звуци од гитара и пијано.
Првично, оваа песна е снимена за да се намали вознемиреноста на слушателот, крвниот притисок и отчукувањата на срцето.
Песната, која ја нарекуваат „најопуштена песна на светот“, го намали нивото на вознемиреност во 65% од случаите за време на прегледот, а лекарите заклучија дека толку опушта што е опасно да се слуша додека се вози автомобил.
Постојат дури и студии кои ја користеле оваа песна како замена за медитација или благ анестетик и тоа многу успешно.
На крајот на краиштата, проверете како ќе влијае на вас: