Овие 3 пијалоци можат да ви помогнат да се ослободите од несаканите килограми!

11 декември, 2020
zeleni-caj-825x510

Започнувањето на денот со чаша вода со лимон е скоро ритуално искуство за многу луѓе кои се обидуваат да изгубат тежина.

Но, лошата вест е дека водата нема магично да ве ослободи од вишокот килограми. Ниту еден пијалок нема да ви помогне да изгубите тежина самостојно, но постојат пијалоци кои, во комбинација со здрав начин на живот, можат малку да го истуркаат процесот на слабеење. За почеток пробајте ги овие три пијалоци!

Кафе

Истражувањата покажаа дека консумирањето кафе пред вежбање може да ве охрабри да вежбате подолго и поинтензивно, што значи дека во тој случај ќе потрошите повеќе калории. Но, за да успее трикот со кафе, треба да пиете чисто црно кафе (можете да додадете малку стевија), бидејќи додавањето млеко и шеќер ќе ги поништи сите ефекти на вашето поинтензивно вежбање.

Обична ладна вода

Заменете го лимонот со неколку коцки мраз – ладните пијалоци го охрабруваат вашето тело да троши повеќе енергија за да ја одржи својата нормална телесна температура. Ова значи дека, на пример, 2 литри ладна вода на ден може да му помогне на телото да согори дополнителни 100 калории. Правете го тоа секој ден и за една година може да изгубите 4,5 килограми!

Зелен чај

Зелениот чај не само што не содржи ниту една калорија, туку може да ви помогне да согорувате маснотии и да изгубите несакани килограми. Направете свеж зелен чај без никакви додатоци, и избегнувајте купување (веќе подготвен) затоа што содржи помалку антиоксиданти (и веројатно е наполнет со додадени шеќери). Исто така, избегнувајте додатоци од зелен чај во продавницата кои содржат нездрави дози на состојки извлечени од самиот чај.

Дали често користите пијалоци за да се ослободите од несаканите килограми? Споделете во коментарите.