Пченката е вредна сезонска намирница која нема да ве оптеретува со вишок калории, и ќе ви обезбеди јаглехидрати, брзо достапна енергија и витамини.
Пченката е многу честа намирница денес. Се конзумира како зеленчук или меле во брашно од кое се прави вкусен пченкарен леб. Палента, традиционално јадење на база на пченка, е составен дел од старите медитерански менија и сè уште го наоѓа своето место денес како додаток на специјалитети од риба и месо.
Пченката е нутритивно вредна храна која не го оптеретува организмот со вишок калории, бидејќи во една чаша со просечна големина содржи 80 до 100 калории. Свежа и блага, пченката е богата со јаглени хидрати и малку маснотии и затоа е извор на брзо достапна енергија. Мастите што преовладуваат во пченка се поли и моно незаситени.
На пример, белата пченка не содржи бета-каротин, додека жолтата го содржи и со тоа придонесува за задоволување на потребите за витамин А. На пченката и недостасуваат две основни аминокиселини – лизин и триптофан. Затоа е добро да се комбинира со мешунките во исхраната, затоа што на овој начин најдобро се задоволуваат потребите за протеини. Пченката е многу добар извор на тиамин (витамин Б1) и е добар извор на многу други витамини и минерали, вклучувајќи витамин Б5, фолна киселина, ниацин, витамин Ц, фосфор, калиум и магнезиум. Богатството на диетални влакна ја прави оваа намирница особено важна.
Пченката е природен лек:
- го намалува холестеролот
- превенција од карцином на дебелото црево,
- има корисен ефект врз нивото на шеќер во крвта,
- добар извор на енергија,
- помага при проблеми со желудникот и дигестивниот систем,
- ја подобрува функцијата на дебелото црево
Пченката, како храна богата со антиоксиданти, фолна киселина, инхибитори на протеаза и многу фитохемикалии, може да се смета за борец против рак и вируси, и затоа треба да го заземе своето место на менито на современиот човек. Поради ферулна киселина која влијае на антиоксидантната активност, пченката има антикарциногени својства.