Пејачката веќе 12 години не може сама да одлучува со кого ќе се гледа, каде ќе оди, што ќе купи и работи без својот татко

popara19 август, 20201min00
7035d338-b8e1-43e8-b764-73f5fdf2c608

БРИТНИ Спирс успеа да ангажира адвокат, кој ќе побара од надлежните органи нејзиниот татко Џејми да го изгуби старателството над неа и да престане да го контролира нејзиниот живот.

Џејми Спирс ги контролира финансиите на неговата ќерка уште од 2008 година, како и другите аспекти во нејзиниот живот. Пејачката веќе 12 години не може сама да одлучи со кого ќе се гледа, каде ќе оди, што ќе купи и работи без својот татко, кој се грижеше за неа по нервниот слом што го доживеа пред светската јавност пред 12 години.

View this post on Instagram

💋💋💋

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

Медиумите наидоа на документи во кои нејзиниот адвокат бара недвижностите и парите на пејачката да бидат привремено згрижени од нејзиниот менаџер Џоди Монтгомери, а странките остро се спротивставуваат на тоа таткото Спирс да  продолжи да го контролира богатството на неговата ќерка.

Обожавателите на Бритни Спирс го промовираа движењето #FreeBritney на социјалните медиуми, залагајќи се пејачката конечно да започне со управување со сопствениот живот. Пејачката се обиде да негира дека нејзиниот татко ја чувал во каква било форма на затвор.

„Овие теоретичари на заговор немаат поим. Судот во Калифорнија ќе одлучи што е најдобро за мојата ќерка. Морам да го пријавам пред судот секој долар што го трошам. Како,Господе Боже, би можел да украдам нешто? Луѓето ни се закануваат со смрт. Не сакаме такви обожаватели. Јас ја сакам својата ќерка и сите нејзини деца “, рече Џејми.

View this post on Instagram

🌹🌹🌹

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma