Пеколно лето е пред нас! Објавена долгорочна прогноза,а тоа што го предвидуваат за Балканот нема да ви се допадне!

24 мај, 20200
leto

Од година во година имаме се повисоки температури и потопло лето. Фановите на оваа сезона со задоволство ќе чујат дека, според првите прогнози, најтопло лето во последните неколку години е пред нас.Според предвидувањата на AccuWeather, топли и суви бранови ќе преовладуваат во поголемиот дел од јужна Европа во наредните месеци, што може да им донесе проблем на земјоделците. Температурите ќе се движат од 30 до дури 40 степени во некои делови, а топлотните бранови, кои ќе се појават во неколку наврати, ќе влијаат на северните делови на Италија, како и на делови од Балканот.

Сезонски температури над просекот

Според најавите на РХМЗ во периодот од 1 јуни до 31 август, просечната сезонска температура на воздухот ќе биде над просекот, со отстапување од околу +2 степени. Вредностите на просечната сезонска температура ќе се движат од 21 до 24 степени, додека во повисоките региони ќе бидат од 13 до 17 степени.Тропските денови со максимална температура од 30 степени и повисока ќе се движи во пониските региони во интервал од 30 до 55 дена.Кога станува збор за врнежите, според првите најави на РХМЗ за овој период,се очекува суво лето. Сезонската количина на врнежи ќе биде од 120 до 250 милиметри, додека во ридско и планинско подрачје ќе биде малку повисока, од 190 до 250 милиметри.

Топлотни бранови во јули

Главниот летен месец, кога се очекува претежно тропско време, ќе го одбележат неколку топлотни бранови и натпросечни температури.Просечната минимална температура на воздухот во јули ќе има вредности над повеќегодишниот просек, при што неговата вредност во просек е повисока за 1,6 степени.Според РХМЗ, просечната максимална температура во јули ќе биде над просечната, со вредности од околу 2,3 степени во однос на повеќегодишниот просек.

Во август продолжение на жешкото лето

Топло и просечно суво време ќе продолжи во текот на август, така што нема да има пречки за се одење  на одмори во текот на овој месец.

Според првите прогнози на AccuWeather, топло и суво време се очекува во делови од Европа, од југот на Франција, а најавени се и бројни топлотни бранови. Од друга страна, оваа метеоролошка служба објави опасност од  пожари во Шпанија и Португалија.За разлика од југот, предвидени се катастрофални бури за областа од северот на Франција до северот на Полска.Во дел од Скандинавија и Балтичкиот регион се очекува да има мирно лето. Поголемиот дел од летото ќе помине со просечни температури со можност за неколку поблаги топлотни бранови, објави AccuWeather.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi