Фантастичен вкусен ручек!
Состојки:
- 500 гр пилешко бело месо и батаци
- Сол, бибер
- 6 тенки ленти сланина
- 250 гр печурки
- 1 голем морков
- 2 главици кромид
- 2 чешниња лук
- 1 лажица доматно пире
- 2 лажици брашно
- 2 чаши црвено вино
- 1 чаша пилешка супа (коцка)
- 1 лажица ракија/бренди, малку нане
- 3 лажици путер
- свеж магдонос
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете сол и бибер на пилешкото, а сланината испржете ја додека не стане крцкава.
Пржете го пилешкото во плитка, голема тава додека не добие златна боја. Извадете го пилешкото, а во истата тава во малку масло испржете ги исечканите печурки, кромидот и морковот.
Додадете го и ситно исечканиот лук и пржете уште една минута. Потоа истурете го доматното пире и промешајте. На крајот додадете го брашното и мешајте додека смесата не се соедини.
Постепено истурајте од виното, супата, а потоа и ракијата. Вратете ги пилешкото и сланината во тавата. Додадете нане, сол и бибер и доведете ја смесата до вриење.
Откако ќе зоврие, покријте го со капак и ставете го во рерна 30 минути. Извадете го пилешкото од тенџерето и ставете го на чинија.
Вратете го тенџерето на плочата за готвење на средна топлина, додадете путер и мешајте околу 10 минути додека сосот не се згусне. Кога сосот ќе се згусне, вратете го пилешкото и вратете сè во рерната.
Пријатно!