Таа е млада, секси, во добро расположение и со облини на сите соодветни места
Полусестрата на славната манекенка Кејт Мос, 22-годишната Лоти, едвај чекаше да се намалат мерките поради пандемијата на коронавирус, и веднаш да замине на одмор. Таа отпатува за Миконос, Грција, каде уживаше во радостите во морето во друштво на пријатели, додека папараците ја фотографираа.
Иако во последните месеци се шпекулира дека Лоти е во врска со Роман Кемп, таа беше фатена на плажа во друштво на ловецот на таленти, Ед Пејџ.
Роман отсекогаш велел дека Лоти му е убава, па конечно собрал храброст и ја поканил на состанок. Тие се во контакт веќе некое време”, изјави извор близок до моделот за Дејли Меил.