Постојат намирници кои можете да ги консумирате пред спиење без да чувствувате грижа на совест

popara31 јули, 20201min00
pred spienje

Кога сте гладни доцна навечер, дефинитивно треба да ја земете предвид големината на порцијата и да изберете храна која е извор на протеини, растителни влакна и има низок гликемиски индекс, заситени маснотии и содржина на сол.

Има список на она што се препорачува да се јаде пред спиење затоа што ќе ве засити и во исто време нема да ѝ наштети на вашата линија.

Чаша млеко

250 мл млеко содржи 114 калории, девет грама протеини, 12,5 грама јаглени хидрати, 12,5 грама шеќер, 2,1 грама маснотии и 90 милиграми натриум.

Јогурт

Ако јадете 170 грама обичен грчки јогурт, внесувате 153 калории, 12,3 грама протеини, 14,1 грама јаглени хидрати, 14,1 грама шеќер, 2,3 грама маснотии и 187 милиграми натриум.

Банана

Една банана содржи 138 калории, 2,1 грама протеини, 29,4 грама јаглени хидрати, 19,2 грама шеќер и 3,6 грама влакна.

Неколку несолени јаткасти плодови

30 грама ореви содржат 190 калории, 5,7 грама протеини, 1,9 грама јаглени хидрати, 1,2 грама шеќер, 1,2 грама маснотии, 2,3 грама влакна и 1 милиграм натриум.

Парче тост леб од цело зрно со природен путер од кикирики

Оваа вкусна вечера содржи 174 калории, 7,2 грама протеини, 14,5 грама јаглени хидрати, 1,3 грама шеќер, 1,3 грама маснотии, 3,6 милиграми влакна и 171 милиграм натриум.

Оризови крекери со сирење

Ако одлучите да јадете пет оризови крекери и 40 грама чедар сирење, ќе го нахраните вашето тело со 196 калории, 10,4 грама протеини, 8,7 грама јаглени хидрати, 0,3 грама шеќер, 8,9 грама маснотии, 0,7 грама влакна и 278 грама натриум.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag