Потврдени 175 нови случаи на коронавирус, починати пет лица – И покрај огромниот раст на новозаболени Заев сака избори

11 јуни, 20200
koronna

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-131, Куманово-24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти, во: Скопје-12, Штип-1, Тетово-3, Велес-2.

Починаа 5 лица, тројца од Скопје, еден пациент од Гостивар и еден од Прилеп.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Кичево е од Скопје, еден е контролен.

Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје 1592, активни 960, Куманово 597, активни 179, Дебар 53, активни 2, Штип 227, активни 187, Прилеп 222, активни 27, Тетово 317, активни 147, Струга 111, активни 36, Велес 149, активни 29, Битола 30, активни 3
Охрид 46, активни 29, Кавадарци 6, активни 1, Гостивар 54, активни 31, Гевгелија 6, активни 2, Струмица 7, активни 4, Крива Паланка 7, активни 1, Радовиш 4, активни 0, Крушево 3, активни 0, Кочани 53, активни 22
Пробиштип 11, активни 9, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 2, активни 0, Пехчево 3, активни 0
Берово 2, активни 1, Валандово 3, активни 2, Виница 3, активни 1, Делчево 1, активни 0, Кратово 3, активни 1
,Свети Николе 5, активни 4, Кичево 3, активни 1, Ресен 1, активни 1, Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 971 теста се преку: ИЈЗ –334 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –136, Биотек -121, Жан Митрев (Филип Втори) –120, Систина со PCR метода –93 и МАНУ -137. Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi