ПОВЕЌЕ ОД 7 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ СЕ ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНА: Опасноста НЕ помина, еден ДЕТАЛ покажува дека има многу повеќе!!!

popara11 јуни, 20201min00
7m

Најмалку 411 588 луѓе починале низ целиот свет за време на пандемија на корона вирус до денес, повеќе од 7 254 140 се заразени, додека најмалку 3 221 600 луѓе се опоравиле од оваа болест, според најновите податоци собрани од Агенцијата Франс-Прес.

Бројот на заразени лица не претставува вистинска слика за пандемија, бидејќи некои земји ги тестираат само сериозно болните, некои користат тестирање за да го следат вирусот, додека голем број на сиромашни земји имаат ограничени скрининг капацитети.

Соединетите држави се најпогодени од пандемијата со 112 006 смртни случаи и 1 979 893 заразени, додека најмалку 524 855 лица закрепнале.

После САД, најпогодени земји се Велика Британија со 40 883 смртни случаи и 289 140 заразени, Бразил со 38 406 смртни случаи и 739 503 заразени, Италија со 34 043 жртви и 235 561 заразени и Франција со 29 296 жртви и 191 394 заразени.

Кина, со исклучок на територијата на Хонг Конг и Макао, каде избувна епидемијата кон крајот на декември 2019 година, има заразено 83 046, вклучително и три нови случаи, 4 634 жртви и закрепнати 78 357.

По континенти Европа има 185 130 жртви и 2 318 773 заразени, САД и Канада имаат 119 958 жртви и 2 076 546 заразени, Латинска Америка и Карибите 69 372 жртви и 1.411 227 заразени, Азија има 20 581 жртва и 734 260 заразени, Средниот исток има 10 887 жртви и 501 180 заразени, Африка има 5 529 жртви и 203 457 заразени, а Океанија 131 жртва и 8 648 заразени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag