Предупредување за земијте кои експериментално користат антималарици за лекување на Ковид-19!

popara24 април, 20201min00
апчиња

Европската агенција за лекови ги предупредила земјите кои експериментално ги користат лековите за маларија во лечење од коронавирус дека може да се појават сериозни несакани последици, вклучувајќи и напади и срцеви проблеми.

Агенцијата навела дека хлорокин и хидроксихлорокин се двата лека за кои некои сметаат дека се потенцијален лек за Ковид-19, но дека можат да предизвикаат проблеми во срцевиот ритам доколку се користат во комбинација со други лекови.

Засега нема лек против Ковид-19, а десетина се тестираат ширум светот.

Хлорокинот и хидроксихлорокинот долго време се користат како лекови за лекување на маларија и ревматоиден артритис. Но, освен срцеви проблеми, овие два лека можат да предизвикаат несакани појави како што се оштетување на црниот дроб и бубрезите, напади и хипогликемија.

Агенцијата додава и дека клиничките податоци се и понатаму ограничени и дека не се докажани позитивни ефетки на овие лекови за лекување на Ковид-19.

Пред некое време едно истражување во Бразил е прекинато кога лекарите приметиле дека четвртина од пациентите кои земаат хлорокин добиле неправилни отчукувања на срцето при земање на поголеми дози.

Агенцијата за лекови ги потсетила медицинските лица дека треба да ги пријават сите сомнителни несакани појави при земањето на овие два лека.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag