Пристигна извештај од обдукција: Еве ја причината за смртта на човекот за кого АМЕРИКА ГОРИ

popara2 јуни, 20201min00
amerika

Потврдено е дека нема други симптоми кои ја предизвикале неговата смрт

Приватната обдукција, наредена од семејството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, покажа дека тој бил задушен. Аутопсија покажа дека Флојд починал од асфиксија, бидејќи до неговиот мозок не стигало доволно кислород.

Исто така, потврдено е дека нема други симптоми поради кои тој починал.

Да се потсетиме, убиството на Џорџ Флојд (46) ја крена цела Америка на нозе и предизвика немири врз база на расизам. И сето тоа започна кога продавницата го обвини дека се обидува да ја плати сметката со фалсификувана банкнота од 20 американски долари, поради што интервенираше полицијата.

Четворица полицајци дојдоа на местото на настанот и се обидоа да го уапсат. Тие тврдеа дека тој се спротивставил, иако снимките направени од сведоците не го покажуваат тоа, па белиот полицаец клекна на вратот и го притискаше цели осум минути.

За време на апсењето, полицискиот службеник Дерек Шавин беше снимен како клекнува на вратот на Флојд, додека тој оддолу викаше „Не можам да дишам“. Сепак, тој продолжи да го држи своето колено врз човекот, дури и откако Флојд престана да се жали и да мрда.

Во официјалните извештаи на итната помош, се води дека Флојд не реагирал и немал пулс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma