Поради тешката економска состојба со корона вирусот, американската компанија „Walt Disney World“ се одлучи на еден тежок потег!
Имено, компанијата веројатно веќе од наредна недела нема да исплаќа плати за повеќе од 43.000 вработени кои поради пандемијата на корона вирус не доаѓаат на работа од средината на март.
Компанијата наведува дека работниците ќе можат да ги задржат бенефициите, здравството, стоматолошкото и животното осигурување онолку долго колку што ќе трае забраната за движење или максимум една година.
Оние работници, кои ќе се вратат на работа од 19 април, околу 200 од нив, ќе бидат распределени по годините на работниот стаж и претходните позиции на работни места што се неопходни за одржување на паркот и ќе бидат платени за тоа, соопшти компанијата.
До 19 април на сите работници кои ќе бидат пратени дома ќе им бидат исплатени плати, по што оваа одлука ќе биде поништена бидејќи не се знае точно кога ќе започнат повторно со работа.
Во тематските паркови на Disney работат 77.000 луѓе, и тоа е компанијата со најмногу вработени во САД.