Проверете дали можеби сте прележале корона, а не сте знаеле!

popara2 април, 20203min00
korona

Бројни експерти велат дека е можно многу луѓе да го прележале корона вирусот пред да се случи епидемијата или пандемијата. Ако сте ги имале овие симптоми, можно е и вие да сте меѓу тие луѓе!

Студијата од универзитетот Оксфорд покажа дека едно од можните сценарија е ова – дека многу луѓе биле заразени и закрепнати од вирусот пред да биде прогласена епидемија, а потоа и пандемија на глобално ниво. Постојат осум знаци, или симптоми, што може да ви укажат на тоа дека веќе сте го „прележале“ овој вирус. Пред да ги наведеме, ќе потенцираме дека, сепак дефинитивно треба да ги следите препорачаните мерки за хигиена и да останете дома!

Инфекција на очите

Новите истражувања покажаа дека инфекцијата на окото, како што е конјунктивитис, може да биде симптом на Ковид 19.

„Познато е дека секоја инфекција на горниот респираторен тракт може да резултира во вирусен конјунктивитис како секундарна компликација, што е случај и со Ковид 19“, велат научниците.

Сепак, додаваат дека е малку веројатно дека заразеното лице би имал конјунктивитис како единствен симптом, други симптоми што често го пратат овој симптом се треска, сува кашлица …

Сува кашлица

Еден од најчестите и најпрепознатливи симптоми на корона вирусот е постојаната кашлица, која исто така се разликува од таканаречената кашлица за пушење.

Ментален замор

Иако не е официјално признат како симптом на вирусот корона, некои заразени пациенти го пријавиле како симптом.

Во интервју за „Дејли меил, Теа Џордан изјави дека прво мислела дека е заразена кога почувствувала печење во грлото и главоболка, проследено со ментален замор, „облак на размислување“.

„Бев исцрпена на почетокот, толку многу што немав друг избор освен да одам во кревет. Не кашлав и немав треска. Но, имав чудно чувство во белите дробови“.

Висока температура

Иако варира од личност до личност колку е висока температурата, повисока температура од 37,7 степени генерално се смета за треска. Покрај тоа, треската се препознава и со фактот дека грбот и градите се воспалени.

Тешкотии при дишењето

Ако имате чувство на притисок во градите и не можете да дишете, тоа може да биде симптом на вирусот.

Сепак, кај повеќето млади луѓе и кај оние кои немале други здравствени проблеми, овој симптом не се појавил.

Губење на чувство за мирис и вкус

Неодамна, британското здружение за оториноларингологија предупредува дека губењето на чувството за мирис и вкус може да биде симптом на Ковид 19.

Експертите препорачуваат луѓето веднаш да се изолираат ако ги искусат овие симптоми.

Проблеми со стомакот

Како и со губење на апетитот, болката во стомакот лесно може да се игнорира како симптом на кој не даваме значење.

Сепак, една студија објавена во американскиот журнал за гастроентерологија открила дека проблемите со стомакот може да бидат поврзани со Ковид 19.

Се покажа дека од 204 заразени кои учествувале во студијата, 48,5 проценти пријавиле дијареја како симптом.

Физички замор

Друг симптом на Ковид 19, кој исто така се јавува и како резултат на обична настинка, грип и многу други вируси е чувство на умор и исцрпеност.

Се разбира, може да имате и некои од овие симптоми без вирусот на корона.

Во секој случај, треба да ги следите сите препорачани мерки за заштита и да се изолирате и да останете дома!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma