Муслиманите ширум светот денес започнаа рамазански пост среде пандемија на коронавирусот, што ќе ги натера верниците да негираат редовни семејни собири и молитви во џамијата, иако некои земји не воведоа вакви мерки.
Оваа година, светиот месец, кој е синоним за периодот на дружење и собирање, би можел да биде мрачен за многу муслимани во Азија, Блискиот исток и Северна Африка.
Поради ограничувањата наметнати во повеќето земји, џамиите ги затворија своите врати, а ифтар, вечерен оброк после целиот ден на постот, време кога ќе се соберат семејства и пристигнуваат соседи, не може да се организира како што наведува обичајот.
Во Мека Саудиска Арабија, најсветото место за муѕслиманите,каде се собираат десетина илијади луѓе денес е пусто.
Во Индонезија, најголемата муслиманска земја во светот, нема да има вообичаен ентузијазам проследен со Рамазан, еден од столбовите на исламот. Верските власти ги повикаа верниците да останат дома.
Властите во Азија предупредуваат на опасност од ширење на заразата на поголемите верски собири бидејќи во последно време се утврдило жаришта на епидемијата поврзана во муслиманските заедници на Пакистан и Индија.