
Вакцината против коронавирус би можела да биде регистрирана во Русија во август, најави директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, Александар Гунцбург.
– Верувам дека би можеле да ја регистрираме вакцината на крајот на летото. Тоа би можело да биде во август, ако сè оди според планот и нема изненадувања – рече Гунцбург.
Истражувањето во моментов е во фаза на предклиничко испитување кое би можело да потрае уште еден месец.
Според Гунцбург, вакцината ќе биде инјектирана на десното рамо, но не сите Руси ќе можат да ја примат во исто време.