Само за богатите: Се отвораат луксузни апартмани со приватни лекари за изолација на висока нога

popara6 април, 20204min00
priroda

Ле Бију, со 42 апартмани од крајот на февруари прима помалку резервации откако беа регистрирани првите случаи на корона вирусот во земјата. Некои богати гости невообичаено резервирале долги престои од две недели или повеќе и многумина барале посети од доктор.

„Сфативме дека треба да понудиме нова услуга и да се прилагодиме што е можно поскоро. Тогаш понудивме апартмани за карантин“, објасни ко-основачот и сопственик на ланецот Александар Хубнер, пренесува АФП.

Гостите кои сакаат да ги следат инструкциите за социјална оддалеченост, можат да дојдат во нивниот луксузен апартман без да се сретнат со персоналот на ланецот, можат да нарачаат намирници или оброци кои ќе бидат доставени до нивната врата. „Ако се најдовте во Швајцарија и ви е одредена самоизолација, ова е веројатно најдоброто решение“, вели Хубнер.

„За такви услови на самоизолација ќе платите прескапо, околу 500 швајцарски франци на ден“, кажа тој. За дополнителни 800 франци на ден ќе ве посети лекар и медицинска сестра која ќе ве посети два пати во денот. За уште 4800 франци на ден ќе ви биде обезбеден 24 часовен медицински надзор.

Тестирањето за корона вирусот чини 500 франци. Хабер истакнува дека во апартманите бесплатно сместил осум медицински професионалци од првите редови за борбата против корона вирусот.

Идентитетот на гостите е таен, но неговата веб страница се пофали дека меѓу нив се и ко-основачот на „Епл“ Стив Возник и авторот на „Вол Стрит“ Џордан Белфорт. Александар Хубнер тврди дека неговиот приоритет е да задржи 65 вработени и соработници. Од почетокот на кризата тој добил донации за поддршка на работата и дал повеќе од една четвртина од годишниот приход.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag