Сара Сандева- Млада македонска актерка која го глуми ликот на еден од НАЈУБАВИТЕ И НАЈТРАГИЧНИ женски ликови во српската литература

popara14 август, 20201min00
801547_sara-sandeva_ls

Софка од делото на Бора Станковиќ е една од најубавите и најтрагични женски ликови во српската литература. Снимањето на филмската и телевизиската серија „Нечиста крв“, која со нетрпение го очекуваат гледачите на РТС, започна. Ексклузивно ја презентираме младата ѕвезда Сара Сандева која ја игра Софка.

Сара Сандева е Софка – за големото платно  и телевизиските екрани во 21 век. Родена е во Скопје пред 23 години. Живее и работи во Прага каде студира музика и драма.

„Имам голема почит и голема одговорност затоа што сум свесена за тоа што значи улогата на Софка и што значи романот „Нечиста крв““, истакнува Сандева.

Софка е еден од најубавите и трагични ликови во српската литература. Кој е предизвикот во работниот процес?

„За мене најмногу јазикот. Јас работам на тоа да можам, да не мора да размислувам за тоа и да се фокусирам само на Софка. И сега живеам со Софка секој ден “, вели македонската актерка.

Дали е ова прво твое дело во поранешна Југославија и во Србија?

„Јас имам кариера во Чешка, имам многу работа таму, но јас сум родена во Македонија и мојата прабаба потекнува од Србија. Морав да почекам некое време за да дојде проектот, вистинските луѓе и вистинското време за мене. Овој проект го има сето тоа и јас сум многу среќна што сум дел од него“, истакнува Сандева.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag