Саудиски свештеник одобрува жените одбиваат да имаат секс доколку нивните сопрузи не ги почитуваат мерките за изолација

popara7 април, 20201min00
saudiska arabija

Исламски свештеник од Саудиска Арабија, шеикот Абдула Ахмед ал Мутлак изјави дека на сопругите им е дозволено да одбијат сексуални односи со своите сопрузи кои не ги почитуваат мерките на претпазливост среде пандемијата на коронавирус.

„Вие воопшто не сте грешници … само се заштитувате себеси“, одговори шеикот на прашањето кое му беше поставено на верското ТВ шоу под името „Фетва“, кое се емитува на националната телевизија.

Една жена објасни дека дури и за време на пандемијата на коронавирусот, нејзиниот сопруг не останува дома и не ги почитува пропишаните ограничувања и додаде дека се плаши дека ќе се зарази со коронавирус доколку ја задоволи неговата желба за сексуален однос.

„Остани подалеку од него. Ако сопругот е несовесен, жената има право да го одбие сексуалниот однос“, одговори тој.

Во Саудиска Арабија досега официјално се регистрирани 2463 случаи на заразени и 34 смртни случаи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag