Неговиот животен пат отсекогаш предизвикувал интерес. Која е тајната која се крие зад сите успеси кои Стив Џобс ги постигнал?
Сите луѓе кои се сметаат за успешни имаат нешто заедничко, тие се потпираат исклучиво на својата интуиција. Потпирањето на ова внатрешно чувство речиси секогаш ги водело во вистинска насока. Благодарение на тоа, доаѓале до генијални откритија кои понекогаш го менувале светот.
Често и даваме предност на логиката, а го занемаруваме својот внатрешен глас. Ниту едно училиште не нè учи на методи на будење на интуицијата. Никој не нè учи за важноста на медитацијата, потребата да успориме одвреме-навреме, да дишиме и да го опуштиме телото пред да се роди добра идеја.
Ни се всадува способност само за рационално мислење и истото се наведува како едно единствено исправно гледање. Но, судејќи по примерот на Стив Џобс, тоа не е најдобра опција. Да не се потпирал на своето чувство, светот никогаш немаше да го запамети.
Секогаш му верувал на тоа внатрешно чувство, но и применувал уште една навика за која постои и истражување кое ја докажува нејзината делотворност. Според Универзитетот Стенфорд, одењето без чевли го зголемува креативното размислување за 60%. Како што би рекле научниците, на тој начин има “слободен проток на идеи”. И ако ги гледаме успесите кои ги постигнал, дефинитивно има вистина во тоа.
“Кога ќе ги опуштите мислите, одговорот сам се појавува”, кажал тој.
Решението на проблемите е речиси секогаш спремно и се наоѓа длабоко во вашата потсвест. Целта е да успорите, да се смирите и да го пуштите одговорот сам да ве најде.
Слушајте музика, занимавајте се со вашето омилено хоби и медитирајте. Така ќе ги опуштите и телото и умот и новите идеи сами ќе дојдат.
Интуицијата е најдобриот пријател на човекот, слушајте ја и водете се од нејзиниот глас. Кога ќе ја прифатите навиката потполно да и верувате, сè се движи во нагорна линија.