Додека трае епидемијата од коронавирус Шакира решила да направи нешто корисно за себе. Пејачката на Твитер се пофалила дека завршила курс за древна филозофија на познатиот универзитет Пен.
Таа не ја криела воодушевеноста, па ја објавила и дипломата која ја добила.
“Сега сум дипломец на четиринеделниот курс за древна филозофија на Универзитетот Пенсилванија. Знам…моите хобија се многу непрактични, но ги искористив слободните часови додека децата спијат. Му благодарам на Платон и на неговите претходници за целата забава во изминатиов месец”, напишала Шакира.