Што да читате ова лето: Одлични три предлога за детективски романи!

popara3 јули, 20201min00
kniga

„Авантурите на Шерлок Холмс“ – Артур Конан Дојл

Сиже: Најпознатиот детектив на светот, Шерлок Холмс ги решава злосторствата на криминалците на воодушевувачки начин. Без разлика дали демнат по магливите улички на Лондон или коваат заговори во идиличните замоци далеку од метрополата. „Детективскиот консултант“, заедно со својот верен колега, доктор Вотсон, решава дванаесет збунувачки и мистериозни случаи во оваа легендарна книга.

Во „Авантурите на Шерлок Холмс“, првата книга со случаите на најпознатиот детектив на сите времиња, се среќаваме со неговите славни и проклето тешки загатки, меѓу кои и „Скандал во Бохемија“, „Шареното чергиче“, „Здружение на црвенокосите“ и многу други!

„Чудно исчезнување“ (Њујоршката убавица) – Ана Кетрин Грин

Ја нарекуваат „Мајката на детективските романи“ – Ана Кетрин Грин е една од првите писателки во Америка која припаѓала на овој жанр. Била инспирација за Артур Конан Дојл и Агата Кристи. Нејзините приказни се карактеризираат со добро осмислени дејствија и многу правни детали поради што истите се изучуваат на Правниот факултет при Универзитетот „Јејл“.

Сиже: „Чудно исчезнување“ е еден од првите детективски романи објавени во Америка. Во овој роман, најпознатиот лик кој го создала Грин, господин Грајс, му дава задача на Кју да истражи едно чудно исчезнување на една убава и мистериозна девојка. Книгата ветува многу пресврти и изненадувачки откритија.

„Транскрипција“ – Кејт Аткинсон

Сиже: Во 1940година, осумнаесетгодишната Џулиет е регрутирана во светот на шпионажата, ангажирана во таен оддел на МИ5 со задача да ги надгледува активностите на британските фашистички симпатизери. Брзо сфаќа дека таа работа е истовремено и здодевна и застрашувачка. Но, на крајот на војната смета дека сето тоа е засекогаш зад неа.

Десет години подоцна, сега како продуцент во Би-би-си, Џулиет ненадејно се соочува со некои ликови од шпионското минато. Сега е во тек една поинаква војна, војна што се води на поинакво бојно поле, а Џулиет сфаќа дека повторно живее живот исполнет со закани и ризици.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag