Што е причината за пониско „вирусно оптоварување“ кај случаите од корона вирус?

30 јуни, 20200
vonzemjani

Врз основа на анализа на 200 брисеви, од кои едната половина е земена од пациенти лечени во април, а другата во мај, истражувачите заклучија дека симптомите во првата група на пациенти се потешки и дека повисок процент барале хоспитализација и интензивна нега.

Една мала студија спроведена од италијански истражувачи во болница во Милано покажува дека кај пациентите кои биле тестирани за коронавирус во мај, е пронајдена помала количина на честички на вирусот во споредба со оние кои биле тестирани еден месец порано. Теориите што ги нудат истражувачите како објаснување за понискиот степен на т.н. „вирусно оптоварување“ ја вклучуваат и онаа според која изложеноста на пациентите на вирусот може да се намали со мерки за изолација, но студијата не содржи докази за поддршка на оваа теза.

Според „Ројтерс“, вирусното оптоварување било слично и кај мажите и кај жените, но поизразено кај пациенти на возраст од 60 години и постари, како и кај оние со тешки форми на Ковид-19, и иако теоретски е можно вирусот да мутирал, молекуларните податоците не содржат доказ за ова. Другите можни објаснувања за помалиот вирусен товар во мај вклучуваат поголемо масовно спроведување на социјално дистанцирање и други превентивни како и хигиенски мерки, повисока температура на воздухот и помал степен на загадување на атмосферата, тврдат авторите на студијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *