Што се случува со белите дробови по короната? Колку се озбилни последиците и за другите органи?

popara12 април, 20201min00
rentgen

Вирусот САРС-КоВ-2 кај луѓето со понизок имунитет предизвикува болест Ковид-19 пред воопшто организмот да може да произведе антитела.

Проф. Д-р спец. Асја Марковиќ, интернист за пулмологија, ги објаснува механизмите на инфекцијата и последиците кои што ги има врз пациентите.

„Вирусот ја избра идеалната стратегија за опстанок: покрај тоа што ја менува генетиката, тој има способност да се шири три пати побрзо од другите инфекции, го користи рецепторот на ензимот АЦЕ-2 за да влезе во ќелиите што го обвиткуваат бронхијалниот систем и кои градат алвеоли (затоа е „потежок“ од другите корони) и на крајот вирусот се размножува во широк опсег на респираторниот систем преку кој поминува огромна количина на воздух секој ден. Воздухот кој го дишеме и поминува низ белите дробови продира понатаму низ целото човечко тело преку краевите на бронхијалните гранки и крајните везикули – алвеолите во кои се разменуваат гасовите со крв од капиларите. Во оваа област од човековото тело, најдраматичните промени се случуваат кај луѓе со дисфункционален имунолошки систем (или ако вирусот се реплицира побрзо отколку што може да реагира имунолошкиот систем) како резултат на битка меѓу напаѓачот и одбрамбените сили“ – објаснува Проф. Асја Марковиќ и додава дека на овој начин може да се појави вирусна пневмонија и тежок респираторен синдром кај пациенти, што го спречува навлегувањето на кислородот.

Оштетување кај другите органи

 Вирусот предизвикува неконтролирана имунолошка реакција на организмот, исто така и оштетување на други органи.

„Иако благи инфекции и воспаленија во горниот респираторен тракт се најчеста форма на болеста, сепак потребен е сериозен третман бидејќи болеста може да биде фатална кон луѓето кои што имаат послаб имунолошки систем или пак веќе се борат со некоја друга болест“ – објасни Штипиќ Марковиќ.

Сѐ уште е премногу рано за да се зборува за поконкретните последици, а научниците досега имаат само детален увид во текот на болеста и видот на штетата врз другите органи на починатите пациенти.

Испитувањето на белите дробови со микроскопски препарати покажува крварење и акумулација на течност со фибрин во белите дробови (што е различно од САРС) и изобилно акумулирање на слуз во длабочината на белите дробови, оштетување на епителот на бронхиите и алвеолите, прекумерна акумулација на клетки макрофаги заразени со вирус САРС-КоВ-2.  Кај пациентите кои што се излекувале од болеста, наодот покажува последицата на лузни и оштетено ткиво на белите дробови – објасни Штипиќ Марковиќ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag