Спој на виртуелниот свет со задоволството: Како почнавме да водиме ЉУБОВ на социјалните мрежи?
![people-2570925_1920-1536x1024](https://popara.mk/wp-content/uploads/2020/08/people-2570925_1920-1536x1024-1-e1597224490161.jpg)
Скоро 4 милијарди луѓе на планетата активно ги користат социјалните мрежи.
Социјалните медиуми станаа средства со кои многумина ги одржуваат своите контакти, а некои ги одржуваат своите романтични или сексуални односи на овој начин.
Кетрин Тиденберг и Емили ван дер Нагел поминале години истражувајќи ги сексуалните навики на луѓето на социјалните медиуми – разговарајќи со различни профили на луѓе за голотија, сајбер – секс, секстинг, еротика…
Тие дошле до трите најважни заклучоци за тоа како ние го практикуваме сексот преку Интернет, без притоа да бидеме свесни за тоа, пишува cosmopolitan.com.
![](https://popara.mk/wp-content/uploads/2020/08/technology-3353701_1280.jpg)
1. Ефект на ослободување
Споделувањето провокативни слики на социјалните медиуми им помага на повеќето луѓе да се изразат, да го истражат нивниот идентитет и да надминат одредени бариери за нивната самодоверба. Наоѓање на слични луѓе, кои сакаат исти (чудни за некои) работи како нив, ги уверува дека сè е во ред со нив и дека има многу луѓе кои се љубители на слични работи. Читањето за сексуалните искуства и болести на другите луѓе може да им помогне на поединците и паровите да ја надминат вознемиреноста и да најдат задоволство и радост во сексот.
2. Пониска емоционална интелигенција
Многумина избираат да го одржат сексуалниот живот што е можно поприватен, без да објавуваат слики со партнерите и без да го мешаат животот на социјалните мрежи со реалниот живот. Ова не е неискрен потег, но на овој начин, едноставно функционираат луѓето со поголема емоционална интелигенција – одвојувајќи премногу приватни работи од обичната социјализација.
![](https://popara.mk/wp-content/uploads/2020/08/pas-smeh-41-1536x1024-2.jpg)
3. Промена на начинот на споделување на работите
Постојат два добри начини на кои луѓето можат да ја споделат својата претерано сексуална содржина. Првиот – наместо јавен профил, повеќе експлицитни слики се испраќаат во инбокс или во групни разговори. Други – наместо јавен профил, се создава заклучен, приватен профил, обично под псевдоним, каде што содржината се споделува само со луѓето што сакате да ги имате на тој профил.