Дуа Липа во тесен корсет излезе на вечера со Анвар Хадид, а парот привлекуваше внимание на секој чекор.
Британската пејачка Дуа Липа ужива во својот нов американски живот уште од преселбата во Калифорнија за да биде поблизу до нејзиното момче Анвар Хадид, со кого го поминува секој слободен момент.
Гулабите навистина ретко се одвојуваат, па деновиве тие се сликаа на вечер надвор во Лос Анџелес, за што 24-годишната пејачка избра смела комбинација на облека. Имено, Дуа носеше тесен розов корсет што ги стави градите во преден план, а се чини дека Анвар тешко можеше да одолее на таа сцена. Барем судејќи според фотографиите на кои тој не може да ги тргне очите од кривите на неговата девојка.
Дуа Липа пристигна во Калифорнија по укинувањето на карантинот во САД и се пресели во станот на Анвар затоа што се плашеше дека нема да се видат долго време доколку се влоши ситуацијата во светот со пандемијата, пишува „The Sun“.
- На почетокот беше тешко да се дојде во САД и таа е свесна за тешкотиите со патувањето и правилата за карантин ако повторно патува од земја до земја. Но, Дуа знае многу луѓе во Лос Анџелес, како и Анвар, кој живее таму веќе некое време, па таа се чувствува оптимистички. Престојот во САД е одличен за нејзината кариера и новите песни, изјави извор близок на пејачката.