Стивен Колберт и Џими Кимел удрија по Трамп по неговите навреди на Твитер!

7 мај, 20200
tramp

Стивен Колберт и Џими Кимел удрија по Трамп, кој наместо да се справува со кризата со Коронавирус, ги напаѓа на Твитер.

Пред два дена Претседателот твитнал за водителот на Fox News, Грег Гатфелд, кажувајќи дека рејтингот на Грег го надминал неталентираниот Стивен Колберт и последниот во списокот на таленти Џими Кимел.

Твитот на Трамп дошол во исто време кога осамнале вестите за предвидувањата дека до јуни смртноста од вирусот двојно ќе се зголеми, и покрај тоа што Трамп прогласи успех за Америка во справувањето со коронавирусот и планира да ја отвори американската економија.

Џими Кимел му одговорил со твит на Трамп во кој му се заблагодарува за критиката и му препорачува да се врати на неговата работа.

Колберт во меѓувреме напишал: “Добро е да се знае дека Трамп во време на криза е најмалку фокусиран на неговата работа. ” Тој иронично додал и дека има работа само затоа што се оженил со ќерката на сопственикот на телевизијата во која работи, па затоа добивал постојано проекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi