Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека во светот, кој во моментов е погоден од новата пандемија на корона вирусот, недостасуваат скоро шест милиони медицински сестри.
„Медицинските сестри се ‘рбет на секој здраствен систем“, кажа претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, потсетувајќи дека тие и сега се во првите редови во борбата против Ковид-19.
Според извештајот на СЗО, медицинските сестри во светот се нешто помалку од 28 милиони, а за пет години, до 2018 година, нивниот број се зголемил за 4,7 милиони.
„Но, тоа е сепак 5,9 милиони помалку од потребниот број“, е наведено во извештајот.
Повеќето сестри недостасуваат во посиромашните земји во Африка, Југоисточна Азија, Блискиот исток и делови од Јужна Америка.
Многу здравствени работници не одат на работа затоа што се плашат дека се заразени
Шефот на Меѓународниот совет на медицински сестри посочува дека недостатокот на доволен број медицински сестри придонесува за зголемување на стапката на инфекција, медицински грешки и зголемување на стапката на смртност.
Во Италија починале 23 медицински сестри од Ковид-19, девет проценти од медицинскиот персонал се заразени, додека од Шпанија велат дека до 14% од здравствените работници биле заразени со корона вирусот.
Во извештајот се наведува дека богатите земји не едуцираат доволно медицински сестри и не можат да ги задоволат нивните потреби и затоа ги земаат од другите земји. Тоа само ја влошува здравствената криза во сиромашните земји.
Каттон посочува дека „80 проценти од светските сестри се грижат за 50 проценти од светската популација“.