Таа рече дека се откажува од љубовта, а сега објави фотографија од кревет со мистериозен маж

18 август, 20200
Annotation 2020-08-18 174139

Хали Бери го прослави својот 54-ти роденден пред три дена и имаше забава во Лас Вегас. Таа објави фотографии од креветот со мистериозен маж..

Оскаровката, Хали Бери, има нов маж во животот, а сè откри на својот Инстаграм профил. Таа им се заблагодари на сите за нивните добри желби за нејзиниот 54 роденден и напиша дека имала забава во Лас Вегас.

„Се разбудив во Вегас! Благодарам на сите мои пријатели за прекрасните желби и фановите што ме поддржуваат“, напиша Бери покрај фотографијата што ја објави од креветот на која се прикажани само нозете. Пред неколку дена, таа ги изненади сите со слична фотографија, а многумина почнаа да шпекулираат кој би можел да биде мистериозниот човек.

Познатата актерка беше поврзана со британскиот музички продуцент Алекс Да Кид во 2017 година, а парот беше во врска пет месеци, по што раскинаа. Тогаш Бери рече дека е „готово со љубовта“. Претходно во интервјуата, таа рече дека е многу внимателна со своите партнери откако се разведе од третиот сопруг, актерот Оливие Мартинез во 2016 година. Не сака било кого да запознава со своите деца.

Таа има син, Мејс, со Мартинез и 12-годишна ќерка, Нахла, со својот поранешен партнер Габриел Обри, со кого беше од 2005 до 2010 година. Таа беше во брак со бејзбол играчот Дејвид Џастис од 1993 до 1997 година, по што застана на олтарот во 2001 година со Ерик Бенет. Тие се разведоа во 2005 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma