Телата на починатите од корона вирусот ги чуваат во собите за одмор! (вознемирувачки фотографии)

popara14 април, 20202min00
corona

Вирусот Ковид-19 предизвика проблеми во болниците ширум светот.

Така, болницата Синај Грејс во Детроит стана целосно обземена со мртвите тела од корона вирусот.

Колку е алармантна ситуацијата може да се види и од фотографиите. Како што дознаваме, за телата веќе нема место во мртвечницата, така што тие се ставаат во специјални кеси и ги носат во собите за одмор на болничкиот персонал.

САД се првата земја во светот во која повеќе од 20000 луѓе починале од корона вирусот.

Во САД, најмалку 527.111 се заразени со коронавирус, во кој спаѓаат и 31.424 излечени лица.

Вајоминг е единствената сојузна држава што сè уште не пријавила смртни случаи од КОВИД-19, но американскиот претседател Доналд Трамп во саботата прогласи голема катастрофа. Сите 50 држави сега се во тој статус.

Најтешко погодена држава е Њујорк со повеќе од 8.600 починати.

Во меѓувреме, коронавирусот е сериозно засегнат во Велика Британија, каде бројот на заразените лица продолжува да се зголемува. Поради проблеми со дишењето, во болница заврши и премиерот Борис Џонсон, кој денес поради подобрената состојба беше пуштен дома.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag