Ти пукна ноктот, а козметичкиот салон е затворен. Ние го нудиме решението!

popara27 април, 20201min00
index2-1566590504

Времето што го поминуваме претежно дома ни овозможи да се усовршиме во некои техники за убавина.Сепак, постојат непредвидливи ситуации во кои обично бараме помош од специјалист.

Нема ништо повеќе вознемирувачко (или болно!) од пукање на ноктите, особено ако ги негувате внимателно и ги оставате да растат до саканата должина. Ситуацијата може дополнително да се искомплицира ако имате постојан лак за нокти или гел на ноктите, а со салоните се затворени.

Одредени работи влијаат на пукањето на ноктите. Прво, хемикалиите во производите за чистење можат да ги ослабнат ноктите и да ги направат повеќе склони кон кршење. Кога чистите или миете, не заборавајте да носите ракавици за да ги заштитите ноктите и да ги спречите рацете да се исушат. Второ, не ги користете ноктите како алатка. Наместо тоа, користете пар ножици или кујнски прибор за да ги отворите различните пакувања. Конечно, нанесувајте масло на кожата покрај ноктите.

Ако и покрај ова не успевате и ноктот се скрши или пукне имаме решение.

Измијте ги рацете за да ја отстраните нечистотијата од ноктите.

Од филтер од чај исечете дел за да го покриете делот каде е пукнат или скршен ноктот.

Нанесете лепак на целиот нокт (лепак наменет за нокти)

Користејќи пинцета залепете го делот од филтерот од чај цврсто за да може да се фиксира баш на делот каде ноктот е пукнат или скршен.

Нанесете втор слој на лепак за нокти на лентата.

Оставете лепилото да се исуши.

Нежно поминете со турпија за површината на ноктот да се изедначи.

Сега можете да го ставите омилениот лак за нокти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag