Корисниците на социјалните медиуми не се грижат дали Ким Јонг Ун е жив или мртов. Тие во овие гласини најдоа уште еден начин за да се забавуваат и да покажат колку се креативни.
Штом се појавија шпекулациите за здравствената состојба на лидерот на Северна Кореја, па дури и непотврдена вест дека тој починал, социјалните мрежи експлодираа.
Следеше лавина од мемиња, а корисниците на смешен и саркастичен начин покажаа што мислат за оваа светска вест.
Така, на една фотографија, се гледа како глумци го држат Ким Јонг Ун, со опис: Актуелна фотографија објавена од Северна Кореја на која се гледа како Ким Јонг Ун е жив и здрав “.
Повеќето од нив беа објавени со хаштагот #kimjongundead
Потсетуваме, минатата недела се појави веста дека Ким Јонг Ун е во тешка здравствена состојба по операцијата, дека е во вегетативна состојба, па дури и мртов.
Сепак, тоа го негираше висок официјален претставник на Јужна Кореја, иако Ким сè уште никој не го видел во јавноста.