Три години по смртта на родителите, дијагностициран е тумор кај 13-годишната ѕвезда!

31 јули, 20200
13

Ѕвездата на кулинарското шоу ‘MasterChef Junior’, 13-годишниот Бен Ваткинс, беше дијагностициран со малигден тумор само три години по трагичната загуба на неговите родители, пишува Today. Момчето, кое се натпреваруваше во реномираното кулинарско шоу на само 11 години, сега се бори со ретка болест и моментално е во болницата во Чикаго.

Ben Watkins

Според споменатиот медиум, Бен се лекува за ангиоматоиден фиброзен хистиоцитом, тумор на меко ткиво што обично се јавува кај деца и млади. Најблиските на Бен велат дека од болеста заболува едно од шест лица во светот и во моментов се лекува во детската болница Лури во Чикаго, а неговиот чичко, кој се грижи за момчето откако ги загуби родителите, објави дека 13-годишникот во моментот е под хемотерапија.

Ben Watkins

Ова е втор удар за едно момче кое ги загуби двајцата родители во 2017 година во серија трагични настани. Имено, според странските медиуми, во септември 2017 година, таткото на Бен-Мајкл, од причини што сè уште не се познати, ја застрелал сопругата Леила, мајката на Бен, а потоа се самоубил. Актот, кој ја шокираше локалната заедница, но и јавноста, го остави талентираниот млад готвач без родители, а грижата за него ја презема неговото семејство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi