Трилер кој постигна огромен успех – сниман е во дури 6 земји, а страствениот проект оствари и прилично голема заработка!

11 јули, 20200
triler

Трилерот „Почеток“ ги освои филмските критичари и публиката, а неговиот режисер Кристофер Нолан призна дека тоа бил најпредизвикувачки проект во неговата кариера.

Главната улога ја имаше добитникот на Оскар , Леонардо Ди Каприо, кој го игра Доминик Коб, крадец кој се занимава со индустриска шпионажа. Притоа, тој искористи експериментална воена технологија што му овозможи да влезе во потсвеста на своите цели. На Доминик му се понуди единствена можност да се врати на неговиот стар живот и тој се согласува на тоа, иако бара навидум невозможна задача.

Заедно со Ди Каприо, во филмот глуми и Елен Пејџ како Аријаден, студент по архитектура, регрутирана да создаде разни пејзажи од соништата, Џозеф Гордон-Левит како Артур, партнерот на Коб, кој организира и истражува мисии, а Том Харди како Ејмс, соработник остар на јазикот.

Компанијата Ворнер Брос му дозволи на Нолан да го снима својот страствен проект „Почеток“ дури откако филмот „Витез на темнината“ оствари завидни милијарда долари. Тие му дадоа на славниот режисер буџет од дури 160 милиони американски долари, а тој го оправда тоа со заработка на 800 милиони долари во кина низ целиот свет.

Кристофер веднаш знаеше дека го сака Ди Каприо за улогата на Коб, додека другите актери ги одбираше постепено откако се согласи да го снима филмот. „Се обидував да ги ангажирам најдобрите луѓе што можев да ги најдам за другите улоги“, раскажа режисерот.

Кога Леонардо стана дел од тимот, Нолан помина месеци разговарајќи засценариото со него.

“Тој направи некои несекојдневни работи и навистина ме предизвика да направам појасно сценарио. Тој исто така ми рече да ја следам логиката и суштината на ликовите”, објасни режисерот.

Како и Ди Каприо, Елен Пејџ не мораше да помине на аудиција за улогата. Имено, актерката и Нолан се сретнаа за некоја сосем друга работа што немаше никаква врска со филмот. Уште следната недела, Кристофер и го испрати сценариото за да го прочита ,и бидејќи и се допадна на ликот на Аријаден, таа ја прифати улогата.

Трилерот беше сниман дури во шест држави. Има сцени од Бедфорфшир, Калгари, Мароко, Токио, Лондон и Лос Анџелес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi