Искористете ја сезоната на праските и направете одличен колач кој кога ќе се олади станува вистинско летно освежување. Толку е лесен а подготовка што дури и почетниците ќе бидат задоволни од резултатот.
Состојки:
- 1/2 чаша бадеми
- 3/4 чаши брашно
- 2 лажици шеќер
- 1/2 лажичка сол
- 8 лажици путер
- 2 жолчки од јајца
- 3 лажици вода
- чаша џем од праски
- 4 праски
- лажица бадеми за украсување
- чаша маскарпоне
Подготовка:
Иситнете ги бадемите и додадете брашно, шеќер и сол. Потоа ставете ги во блендер и додатете путер и мешајте уште малку. Жолчките додадете ги во блендер, а потоа истурете и вода. Ќе добиете леплива смеса за тесто.
Формирајте кружно тесто и ставете го во подмачкан калап. Оставете да отстои околу 20 минути, а потоа печете го 30 минути на 180 ° С. Оладената кора премачкајте ја прво со џем, а потоа со маскарпоне што предходно ќе го измешате. Декорирајте со парчиња праски и бадеми.