Неговата глума беше маестрална и претставуваше вистинско задоволство
Легендата на српската глума, Данило Бата Стојковиќ, остави неизбришлив белег во југословенската и српската кинематографија заради неговата маестрална глума.
Репликите од филмовите во кои тој брилијираше и ден денес предизвикуваат смеа.
Меѓу нив е и инсерт од филмот “Idemo dalje” кој во 1982 година го режираше Здравко Шотра, а каде Бата раскажува легендарен виц.
Во овој филм има и други актерски легенди кои веќе не се со нас: Бата Живојиновиќ беше во кожата на германскиот Шопенхауер, Драган Николиќ го играше младиот учител – партизан, а Бата Стојковиќ другарот Божур – директорот на училиштето.
Покрај нив, во филмот играат и Ена Беговиќ, Павле Вуисиќ, Оливера Марковиќ, Слободан Алигрудиќ…
Млад учител, партизан, доаѓа во ново-ослободениот град во Србија.
Приказната е, всушност, детското сеќавање и меморијата за едно време кое оставило длабоки траги во ранливите млади души на цели генерации.
Данило Бата Стојковиќ предизвика најмногу хумор во оваа драма, во познатата сцена кога се обидува да им каже виц на учениците со желба да ги развесели.
Вицот започнува со стереотипно набројување:
„Си биле во еден авион еден Англичанец, Французин и Србин…“ Но, бидејќи обично поентата е дека Србинот бил најпаметен и ги надмудрил сите, Бата веднаш на почетокот премина на заклучокот.
„Јас сега не знам како беше …“