(ВИДЕО) ФЕЈСБУК ПРИЗНА: ‘Направивме оперативна грешка! Вознемирувачки е што се случува ‘.

popara30 август, 20201min0
5700725

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, се огласи на својот профил на споменатата мрежа по повод ужасното видео од тинејџер кој оди по улица во Кеноша, Америка, со пушка во раката и кој уби двајца демонстранти.

Цукерберг посочи дека социјалната мрежа направила голема оперативна грешка затоа што не го тргнала спорното видео од својата платформа на време, кое потоа почнало диво да се споделува.

Да бидат работите уште полоши, оваа платформа минатата недела претстави мерка за запирање на ширењето на насилство делено од разни воени организации. Но, во првата недела од работата, мерката очигледно не успеа.

„Она што се случува во Кеноша е навистина загрижувачко“, вели Цукерберг во видеото, објаснувајќи дека страницата Фејсбук што ја објави снимката не покажува никаква поврзаност со 17-годишниот обвинет за двете убиства.

„Само втората анализа, направена подетално, откри дека страницата навистина ги прекршила правилата“, тврди тој.

Тој додаде дека Фејсбук сега активно бара други страници на кои се фали потфатот на младиот човек.

„Ние ќе продолжиме да ги надградуваме нашите мерки и да ги правиме поефикасни во наоѓањето опасни организации“, заклучува тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag