Вила Ексобар – Простор за интензивно уживање!

13 мај, 20200
1

Вилата Ексобар е дизајнирана од Лусијано Крук и е прекрасен модерен дом во близина на Буенос Аирес…

Оваа куќа е дел од затворена енклава и е создадена за клиенти кои сакаат да поседуваат целосна приватност.

Вилата  е скоро целосно затворена од напред, додека пак, за разлика од тоа, таа е отворена од задниот дел и има прекрасен поглед кон блискиот терен за голф и природа. Неговата надворешност е изработена од бетон и стакло – два материјали за кои не е потребно премногу одржување.

Во принцип,дизајнот на куќата е ослободен од сите елементи што можат да се сметаат за излишни. Користени се  различните височини, едноставни линии и ефекти на природната светлина во внатрешноста за да се создаде силно чувство за длабочина и да го задржи фокусот на природните убавини што ја опкружуваат оваа вила. Задниот дел е поврзан со надворешноста преку тераса и двор, кои продолжуваат до дневната соба и трпезаријата. Просторот се отвора и кон базенот.

Базенот има прекрасни ефекти на рефлексија,а дневната соба е дизајнирана како најважниот простор на овој дом, така што има високи тавани за разлика од другите простори што се наоѓаат во него.Сите фотографии од новата кампања можете да ги видите во галеријата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi