Вирусологот Ретфилд: Вториот бран на корона вирусот ќе биде уште посилен! Еве точно кога се очекува!

popara28 април, 20201min00
корона

Д-р Ретфилд ја открива состојбата на корона вирусот по летото.

Многу земји во светот започнаа со ублажување на мерките против короната, но постои прашање за високиот ризик од втор бран, вели вирологот во Американскиот центар за контрола и спречување на болести, д-р Ретфилд. Тој смета дека вториот бран станува се поизвесен и дека би можел да биде уште поопасен, затоа што тоа ќе се случи во зима, така што заедно со сезонскит грип ќе имаат поголема моќ!

Многу експерти се согласуваат со ова мислење, а инфектологот, д-р Адалја додава: „Ова е вирус што ќе се шири и нема да исчезне без вакцина“.

Колку ќе биде моќно и колку смртни случаи ќе предизвика, зависи само од превенцијата и спроведените мерки. Социјалното дистанцирање и одржување на хигиената се исто така неопходни во иднина.

„Без тестирање и социјално растојание, олабавување на мерките ќе го зголеми ризикот за луѓе кои немаат доволно силен имунитет кога ќе стапат во контакт со вирусот“.

„Во есента, луѓето поминуваат доста време во затворено, така што постои поголема можност за ширење на инфекцијата. Мерките на претпазливост што ние самите можеме да ги почитуваме играат клучна улога тука“, вели Ретфилд.

„Луѓето не можат да бидат чувани во изолација една година, поради економија, но исто така и од психичко влијание, но социјалното раздвојување сигурно треба да се продолжи сè додека не се добие колективен имунитет или не се произведе вакцина. Потребни се уште 6 или 12 месеци“ -вели тој.

Сепак, д-р Пател, експерт за пулмологија, не е сигурен дека ќе дојде втор бран бидејќи не се вратија ниту САРС, ниту МЕРС, но тој сепак смета дека треба да бидеме подготвени за најлошото сценарио.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag