Во Италија се помалку заразени, но бројката на починати е многу висока

popara16 април, 20201min00
насловна

Бројот на смртни случаи од корона вирус во Италија се зголеми за 578, во однос на вчерашниот ден од 602, додека бројот на нови случаи е во опаѓање, 2.667, а вчера беше 2.972.
Бројот на нови случаи е најмал од 13 март, но бројот на починати е сè уште голем. Во изминатите 11 дена, бројот на жртвите беше помеѓу 525 и 636, освен во неделата, кога починаа 431 лица. Според Агенцијата за цивилна заштита, 21.645 луѓе починале во Италија од 21 февруари, кога бил пријавен првиот случај, највисок во светот по САД.

Бројот на пациенти се зголеми на 165.155.


Во единиците за интензивна нега има 3.079 лица. Од болеста се опоравиле 38.092 пациенти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag