Во Кина кучињата стануваат миленичиња поради пандемијата

popara10 април, 20201min00
kuce

Кина подготвува нови закони кои предвидуваат кучињата да се одгледуваат како домашни миленичиња, а не како добиток, соопшти кинеското Министерство за земјоделство како еден од одговорите на пандемијата на корона вирусот.

Иако кучешкото месо е деликатес во многу кинески региони, Министерството за земјоделство во средата објави дека кучињата повеќе нема да се сметаат за добиток.

Домашните животни се одгледуваат за храна, млеко, крзно, растителни влакна и лекови или за спортски цели и потребите на војската.

„Што се однесува до кучињата, заедно со напредокот на човечката цивилизација и заради јавната грижа и љубовта кон животните, кучињата се „специјализирале“ и станале човечки пријатели, а бидејќи во светот не се сметаат за добиток, тие нема да бидат регулирани како добиток ниту во Кина“, се наведува во соопштението.

Новиот корона вирус се верува дека потекнува од еден вид лилјак и би можел да се пренесе на луѓето преку друг вид продаден на пазарите во кинескиот град Вухан.

Кина забрани одгледување, трговија и конзумација на диви животни и ги повлече сите издадени дозволи. Таа вети дека забраната ќе биде постојана.

Предлог-законот, објавен во средата, кој е отворен за јавна расправа, наведува 18 видови домашни животни, вклучувајќи говеда, свињи и камили. Исто така, додава 13 „специјални“ видови кои ќе бидат ослободени, како ирваси, алпаки, фазани, ноеви и лисици.

Конзумацијата на кучешко месо стана многу популарна во Кина, а јужниот град Шенжен е првиот што го забрани ова минатиот месец.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag