Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирус, тестираше повеќе од 6,5 милиони од нејзиното население за само девет дена, соопштија кинеските власти.
Кинезите се решија на ваков драстичен потег со цел да спречат појава на втор бран на епидемијата, пренесува Си-Ен-Ен.
Повеќе од девет милиони брисеви од грло беа земени во Вухан од 15 до 23 мај, соопштија властите, што претставува околу 80 проценти од населението во градот.
Масовното тестирање открило 198 асимптоматски случаи на инфекција, луѓе кои носат вирус и не покажуваат никакви симптоми.
Амбициозниот план за масовно тестирање на Вухан започна со имплементација кога беа пронајдени шест нови случаи порано во мај. Овие беа први случаи на локални инфекции по долго време без.