Апликацијата WhatsApp во вторникот ја ограничи можноста за пренасочување на пораки, како резултат на зголемување на испратените пораки со лажни совети за третман на коронавирус, пренесува Ројтерс.
WhatsApp, кој има две милијарди корисници, објавува во блог-пост дека правилата за проследување пораки се менувале откако забележале дека бројот на испратени пораки од избувнувањето на пандемијата на коронавирус е „значително зголемен“ до денес.
За разлика од Фејсбук и Твитер, кои ги спречија корисниците да објавуваат дезинформација на коронавирус во последните неколку месеци, WhatsApp поради енкрипција не може да ја контролира содржината која се дели на патот од апликацијата па затоа ограничувањето на проследување на пораки е единствен начин до некаде да се ограничи за ширењето на дезинформациите.