Winter is coming: Причини за страв од втор бран на коронавирус

popara6 август, 20201min00
вирус

Наесен може да се очекуваат понатамошни намалени економски активности и вложување во нови проекти. Како последица на тоа би се случил бран на стечаи и голем број на невработени лица, а со тоа и понатамошен пад на куповната моќ. Стравот кој се јавува во општеството и понатаму ќе трае.

Најповторуваната фраза од серијата Game of Thrones, Зимата доаѓа (Winter is coming.) во контекст на денешното општество и враќањето на пандемијата ги загрижива економските активности и стравот од новите негативни последици доколку пандемијата повторно се засили. А зимата доаѓа.

До пред неколку недели светот помисли дека пандемијата се повлекува и дека таа конечно ќе заврши. Но коронавирусот се врати со уште поголем број на заразени и го најави продолжението на пандемијата која може да биде уште пострашна и во здравствена и во економска смисла.

Според најавите на епидемиолозите можноста да се врати Ковид-19 по завршување на летото е многу голема. Невозможно е да се предвиди кога и каде светот ќе излезе од најголемиот економски застој од најголемата депресија во последниот век. Развојот на пандемијата е многу неизвесен и со тоа е невозможно да се предвиди колку долго ќе трае и дали владите ќе можат да го амортизираат ударот откако тие веќе се исцрпија по првиот удар.

Долготрајна економска штета

Клучни причини за загриженост

1. Исклучително намалена економска потрошувачка
2. Престанок на Владините мерки за помош на домаќинствата
3. Почеток на функционирање на новата влада
4. До 70 проценти намалени туристички приходи
5. Очекувано помал број на ЕУ тендери во периодот од 2021-2027

Се заканува бран на стечаи

Мерките за борбата против ширење на заразата донекаде ќе го спречат нејзиното ширење, но стравот кој постои во општеството и понатаму ќе трае. Без оглед на тоа дали вториот бран ќе биде позаразен и со поголема смртност, тој ќе влијае на потрошувачките навики кон крајот на годината. Со тоа, фразата ‘Winter is coming‘ ќе стане најповторуваната реченица во следниот период. До пролет може да се развие и вакцината, но пред тоа мора да пројде зимата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag